
Клубот ФК Слога1934 Виница денес со официјално соопштение информираше дека за нов шеф на стручниот штаб на ФК Слога1934 Виница е назначен Крсте Крстев, тренер кој што веќе денес го одработи и првиот тренинг со екипата. Имено Крсте Крстев е тренер кој во минатото ја има водено екипата на Слога и со голем успех ја внесе во Втората лига, истиот претходно има работено како шеф на стручен штаб во екипи како што се Детонит, Каменица Саса, Осогово итн. Се работи за млад фудбалски стручњак со А лиценца.
Крсте Крстев за клубот изјави: “Би сакал да и се заблагодарам на Управата на ФК Слога1934 Виница за укажаната доверба и можност да повторно работам во клуб со кого испишав историја и ветувам дека ќе се вложам максимално и ќе дадам се од себе истата да биде оправдана, не чека многу работа но се надевам ќе ја израдуваме виничката публика со одлични резултати!,,