
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Т.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 24.06.2020, вработени во Казнено-поправниот дом Штип, при извршен преглед кај пријавениот, пронашле хероин, кој пријавениот, како осуденик во казнено-поправниот дом, го набавил и препакувал во помали пакувања заради продажба.