Штипјанец пријавен за исчезнат

Фото: Фејсбук

На 13.02.2021 во 10.00 часот во СВР Штип, К.Ш.(56) од Штип пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг З.Ш.(58). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Во меѓувреме на социјалните мрежи семејството бара помош од граѓаните, нивната порака ви ја пренесуваме во целост:

Драги сограѓани Ве замолувам за помош. Исчезнато е машко лице од Штип, Зоранчо Шуманов на возраст од 57 години во петокот на ден 12.02.2021 год. во 9 часот наутро го има напуштено својот дом и никој го нема видено. На себе носи црна јакна, црни тренерки и црни патики.Доколку некој го има видено Ве замолувам да не контактирате на некој од броевите.
+389 78 364 008
+389 78 390 384
Секоја информација е важна за семејството.