
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 34-годишник од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 24.01.2024 во Велика Британија тој купил патничко возило за кое знаел дека било пријавено како украдено, по што на возилото извршил промена на идентитетот. На 26.01.2024, полициски службеници од Граничен премин Табановце, при извршена гранична контрола му го одзеле возилото.