
Кредити се вадат на големо – не за луксуз, туку за основни потреби. Кредит за автомобил, кредит за стан, но и за одмор. Револтирано анкетираните на терен велат дека високите цени и големата потрошувачка се причини за да мора кредит да се вади. Повозрасните децидни дека современиот живот причина за многу финансиски потешкотии, во споредба со минатото.
По зимањето, следува враќањето, а тоа е потешкиот дел велат анкетираните. Како што соопштуваат, некој со помош на своите родители го враќаат, други знаат и да се заглават.
Податоците на Народна банка покажуваат дека вкупните депозити во април на годишно ниво, забележале раст од 11,6%, додека вкупните кредити пораснале за 11,8%.
Само во април депозитите пораснале за 0,4% и тоа благодарение на депозитите на граѓаните кои пораснале за 2% во однос на претходниот месец.
Во април раст бележат и вкупните кредити и тоа од 0,8% како резултат на кредитите во двата сектора, но е поизразено во корпоративниот сектор каде што е забележан раст од 1%.
Во април, кредитите на домаќинствата забележаа месечен и годишен раст од 0,6% односно 9,8%, а кај корпоративниот сектор растот е од 1,0%, на месечно ниво и од 14,1% на годишно ниво.
Иван Митев, М-Нет