
Викендот беа одиграни неколку пријателски натпревари кај второлигашите за проверка на формата и како оди подигањето на истата.
Беласица одигра меѓународен пријателски натпервар кој го загуби од тимот на Беласица Петрич со резултат од 2:0. Камјани го доби пријателскиот меч со Тетекс со резултат од 2:0, каде стрелци беа Веби Ислами и Бленд Џемаили.
Еуромилк ГЛ со 1:2 триумфираше над Осогово на пријателската која се одигра во Кочани, а стрелци за „лисиците“ беа Никола Анчевски во првото полувреме и новото засилување Стојан Попоски кој погоди во вториот дел. „Жетварите“ постигнаа гол за ублажување на поразот.
Кожуф минимално го доби Новаци на тест-меч со 1:0 каде стрелец на единствениот гол беше Давид Ашовалиев.
Претходно, Охрид триумфираше на пријателски натпревар со 1:2 над Пелистер во Битола.
Во текот на оваа недела ќе бидат одиграни нови пријателски натпревари за проверка на формата.
Александар Ванев, М-Нет