
Организирана крводарителска акција по повод трети мај денот на слободата на медиумите. Во таа чест денес во просрориите на Црвен Крст, заедно со институтот за трансфузиона медицина се организираше крводарителска акција во период од 09 до 14 часот.
„Црвен Крст Штип во соработка со регионалниот ценатр за трансфузиона медицина, организира крводарителска акција со медиумските работници од 09 до 14 во просториите на Црвен Крст. Оваа акција ја организираме по повод 03 мај, денот на слободата на медиумите. Денес очекуваме голема посетеност на оваа крводарителска акција, секако секој граѓанин кој што има желба да дарува крв и да спаси нечиј живот, денес во просториите на Црвен Крст може да го стори тоа.“ – изјави Димитровска
Да се дава крв е нешто најдобро, вели крводарителот кој доаѓа од Шпанија и вели дека овој е трети пат да дарува крв овде во Македонија.
„Трипати, да во Македонија. Две години сум овде, претходно девет години немам доваѓано и затоа заборавив да зборувам. Тоа е многу добро, јас во Шпанија го правам, се плашам од игла.“ – додава крводарителот.
Посочуваат дека очекуваат голема посетеност, па повикуваат секој граѓанин кој има желба да ги посети просториите во кој се реалзира крводарителската акција.
Лаура Стојанова М-Нет