
Во месец август ќе се наполнат 88 години од одигрувањето на првата кошаркарска утакмица во Штип која предизвикала голем интерес кај тогашната младфина и секако кај граѓанството на Штип. Оттогаш кошарката многу напредуваше и имаше звездени моменти. Денес по скоро 9 децении сликата на популарните „баскет центри“ е убава за око, но неупотреблива за мајсторите на баскетот.
За реакцијата од младите штипјани спортската редакција на Мнет ТВ експресно реагираше а колку ќе трае реакцијата на надлежните спортски функционери околу обновата на кошот, не знаеме. Уште поголема енигма останува кои се тие ???? и дали некогаш ќе се откријат овие модерни вандали кои во 21 век го враќаат времето на дамнештото, но историски познатото „ лудистичко движење“.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk