
Кошаркарот Никола Караколев зад себе има професионална прволигашка кариера од 20 години, поранешен репрезентативец со настапи во најдобрите македонски екипи.
Караколев вели дека многу ја сакал кошарката, но додава дека можеби ако во тоа време имало социјални мрежи како денес прашање би било дали тој би бил успешен кошаркар, како што вели во гостувањето на спортскиот магазин Трибина.
„После 15 16 година тогаш потпиша за МЗТ, а претходно јас ја сакав многу кошарката. Пак ќе кажам ја сакав кошарката, но немаше што друго во тој момент. Во тоа време ако имало социјални мрежи прашање е дали јас ќе сум бил успешен кошаркар со 20 годишна кариера професионална прволигашка. Татко ми вложувал во мене за да може јас да успеам, јас сум успеал во мојата кариера затоа што тогаш немаше странци имаше еден или двајца во прволигашка екипа“, рече Караколев.
Караколев има настапувано за повеќе екипи како МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Торус, Гоце Делчев од Штип, Лирија, Шкупи, Куманово, Кожув, Еуро Николе од Кавадарци и сега во Соколи, каде со неговото искуство штипскиот клуб е на добар пат за влез во Прва лига.
„Најмногу успех лично за мене бил во Еуро Николе во Кавадарци таму бев пет години, 2022 бевме вицешампиони во Македонија. Тогаш игравме финале со МЗТ реално тие беа подобри, а ние бевме добра екипа со шест играчи ние лигата лесно ја поминавме и стигнавме до финале. Мислам дека за мене најголем успех ми беше тој период во Еуро Никол затоа што имаше добри услови финансиски, пак ладна сала тоа е стандардно за Македонија“, рече Караколев.
Караколев беше прогласен и за спортист на град Куманово во 2017 година.
„Мнгу значи со тоа што јас сум штипјанец и во Куманово играв три и пол години, многу значи кога ќе те изберат за спортист на градот од друг град, а не потекнуваш од таму“, рече Караколев.
Караколев во својата кариера направи трансфер од МЗТ Скопје Аеродром во ривалот Работнички, а во Трибина ги раскажа тие моменти.
„Тоа беше 2008 имав многу проблеми. Тогаш да направиш трансфер од МЗТ во Работнички или обратно тоа беше ти си предавник. Тоа за мене беше тежок период имав проблеми и закани навивачите и на двата клуба се ако идеш во другиот клуб предавник, не си го сакал клубот. Ние сите одиме за подобри услови за пари, јас отидов од МЗТ бидејќи каснеа платите. Јас бев 19 години имав понуда од Работнички со договор од три години. Во МЗТ тоа не го разбираат мислам навивачите луѓето кои доаѓаат да гледат тоа го разбираат. На крајот од денот сите ние работиме за да заработиме“, рече Караколев.
Караколев сега е предводник во Соколи со негово искуство тој е главна алка во штипскиот тим на патот кон влез во Првата лига.
Александар Ванев, М-Нет