Кошаркарите на Овче Поле убедливи против Ролинг во Струмица, дербито на колото за Бутел, штипјани беа слободни!

На едно коло до крајот од регуларниот дел во Првата кошаркарска лига ќе биде голема неизвесноста пред разигрувањето за обезбедување на влез во Суперлигата.

Струмица ФМП на домашен терен го загуби дербито од Бутел со резултат од 71:83, со што скопскиот тим запиша важна победа. Првото полувреме беше пресудно за триумф на Бутел, а до крајот на мечот само се одржуваше разликата за триумф.

Киров постигна 24 поени за Бутел, а пак Јаневски 18, додека за Струмица ФМП прв беше Александровски со 23 поени, а Пандев имаше два поени помалку.

Кошаркарите на Овче Поле како домаќини играа во Струмица против Ролинг, каде беа подобри со убедливи 82:67. Тимот од Свети Николе имаше постојана предност на натпреварот каде Каришик имаше најмногу уфрлени поени за Овче Поле, вкупно 22, а пак Николовски има 17. За екипата на Ролинг со 16 поени прв беше Атанасов.

Денес во рамки на групата Б ќе играат Спортисимо со Борец Баскет, а во рамки на претпоследното коло слободна беше екипа на Соколи од Штип.

Во однос на групата А таму пак Тетекс направи изненадување и славеше на домашен терен над Охрид со тесни 70:66, меч во каде третата четвртина беше пресудна. Крстевски беше прво име кај тетовскиот тим со 24 поени, а пак кај охриѓани прв со уфрлени поени беше Димитровски кој даде 26.

Вардар сосема очекувано го декласираше тимот на Младинец со убедливи 62:109.

Колото ќе се комплетира денес со мечот меѓу Црн Дрим и Водно Санс, а слободна е екипата на Мега Баскет.

Останува уште едно коло да се одигра, по што ќе започне разигрувањето каде ќе се води борба за пласман во Суперлигата.

Александар Ванев, М-Нет