Кочански „Водовод“ доби струја, постигнат договор долгот да се исплаќа на месечни рати

Кочански „Водовод“ го реши проблемот со исклучувањето на електричната енергија. Од денес објектите исклучени од електричната мрежа добија електрично напојување, а за стабилност се надеваат на максимално штедење и економично работење, а притоа и извршување на тековните задачи и обврски. Договорот кој е постигнат со ЕДС е исплата на обврските на месечни рати во период од две години, што беше услов ЕДС да ја извести ЕВН дека може да изврши приклучување кон електромрежата.

Инаку, поради исклучувањето на 20 октомври без струја останаа објектите и инсталациите во Стопанскиот двор и Управната зграда на КЈП „Водовод“, а денес состојбата нормализирана. Вработените непречено ги извршуваат своите работни обврски откако со постигнатиот договор беше избегната целосна блокада на сметката на претпријатието и неможност да си ги платат побарувањата по разни основи.

Ребека Спасова М-Нет