Конечно радост за Мал Ајакс – во Штип совладан Шкупи, лидерот Проект и шампионот Форца пресилни!

ФОТО: КМФ Мал Ајакс

Дури во шестото коло на Првата футсал лига дојде првата радост за Мал Ајакс, кој на домашен терен во Штип го совлада Шкупи со резултат од 13:6.

Првиот дел од мечот заврши со резултат од 6:2, а во вториот дел штипјани беа ефикасни и продолжија да ја торпедираат мрежата на гостинот за да стигнат до висок триумф од 13:6, а притоа тоа беа и првите бодови за штипскиот прволигаш, кој е повратник во елитното друштво.

Иса Дурмишов постигнат четири гола за својот тим, а по три гола за Мал Ајакс постигнаа Седат Мамудов, и Аднреј Трајанов, додека пак Ангел Белчовски имаше два гола, а Сердар Синанов еден гол.

За гостинската екипа Фазлиу имаше хет-трик, а по едне гол постигнаа Зејнели, Сулејмани и Јахја.

Наместо дерби убедлива победа на шампионот Форца кој со 1:5 го декласираше Кеги Моби среде Велес, додека пак непоразениот лидер лесно се справи со Клими славејќи со 5:2.

Дебитантот Балкан славеше над Осогово од Крива Паланка со неверојатен резултат од 12:9, а пак Јувентус Серава со 6:3 го доби мечот со Бутел.

Останува уште еден одложен меч да се одигра за да го имаме конечниот изглед на табелата, тоа е мечот меѓу Форца и Клими од 2. коло.

Во однос на табелата Проект е прв со 18 бодови, Форца е втора со 12 бодови, но со меч помалку, а толку има и Кеги Моби кој е трет, со девет бодови е Клими кој е на четвртото место, но со меч помалку, а по девет бодови имаат Јувентус Серава и Балкан кој е шести. На седмото место е Бутел со седум бодови, Шкупи е осми со четири бодови, Мал Ајакс е деветти со три бодови, а толку има и Осогово кој е на дното.

Во следното коло ќе се игра дерби од дното во Крива Паланка меѓу Осогово и Мал Ајакс, битка за да се избегне опасната зона.

Александар Ванев, М-Нет