
Одложените натпревари од последното есенско коло, сепак ќе се доиграат, а со тоа ќе се комплетира есенската полусезона во Втората лига. Така, сега се отвара можноста Охрид да биде есенски шампион, ако на двата меча кои се пред „рибарите“ биде оправдата фаворитската улога.
Охрид веќе утре ќе го одигра одложениот меч со Големо Коњари, а в недела ќе игра против Слога Виница, но наместо во Виница, мечот ќе се игра во Охрид поради лошиот терен во Виница. Екипата на Слога иница испрати барање за промена на теренот, во согласнот на двете екипи, а како што е наведено во барањето причината за промена на теренот наместо во Виница, да се игра во Охрид е поради лошиот терен на Градскиот стадион во Виница и најави за можно нови врнежи.
Доколку Охрид ги добие двата меча ќе има 36 бодови на своето конто и со тоа ќе биде на првото место на табелата, со бод повеќе во однос на Шкендија Арачиново која би била втора, во таков случај Брегалница ќе презими како трета со 33 бодови.
Во сабота на 6 декеври ќе се одиграат два меча. Кожуф ќе игра со Вардар Неготино во Гевгелија, а пак Осогово со Новаци во Кочани. В недела на 7 декември ќе се одиграат уште два меча. Големо Коњари против Тетекс, а пак Слога Виница против Охрид.
Последното есенско коло ќе се комплетира дури на 12 декември (петок) со мечот меѓу Детонит Плачковица и Скопје.
Веќе утре ќе се одиграат два одложени мечеви. Големо Коњари против Охрид од 13. коло и Тетекс со Кожуф од 14. коло на Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет