
12-тото коло на Првата женска кошаркарска лига донесе неколку изненадувања, првото во Делчево, каде конечно Патриот забележа прва сезонска порадост после 11 порази во низа во Делчево се славеше првата победа, откако Патриот го совлада Спорт Тим со 59:40.
Ваквиот резултат ги израмнува двете екипи на дното од табелата со по 13 бодови и ќе продолжи борбата на истите за да стигнат до опстанок во кошаркарската елита во женска конкуренција.
Изненадување се случи и во Македонска Каменица каде актуелниот шампион Баскет Кам беше поразен во дербито со Вардар со резултат од 43:53, ова е втор пораз за Баскет Кам и тоа двата токму од Вардар.
Ваквиот резултат му беше добредојден на тимот на Крива Паланка, затоа што се израмни на врвот од табелата со Баскет Кам со по 22 бодови, откако Крива Паланка го доби Пробаскет со 63:52. Бадел не виде мака и со 65:76 славеше на гостувањето кај МЗТ Бела Вода.
Табелата станува доста израмнета и неизвесна, на врвот се Крива Паланка и Баскет Кам со по 22 бодови, а пак Вардар е трет со 21 бод, на делба на четвртото место со по 19 бодови се Бадел и Пробаскет. На шестата позиција е МЗТ Бела Вода со 15 бодови, а пак со по 13 бодови на долниот дел се Спорт Тим и Патриот.
Статистички најмногу реализирани поени има Крива Паланка односно 952, а пак најмалку реализираше Патриот 587 единствен тим под границата од 600 поени.
Најдобра одбрана има Баскет Кам со примени 635 поени, а најлоша одбрана има Патриот од Делчево со примени 1078 поени, а со тоа е единствениот тим кој надмина бројка од над 1000 примени поени.
Александар Ванев, М-Нет