Комбе излетало од коловозот и се превртело на експресниот пат Штип – Радовиш

На 12.04.2024 во 18.05 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип- Радовиш во близина на с.Лакавица, штипско се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило “фиат дукато” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Б..(24) од с.Баница,струмичко излетало надвор од коловозот и се превртело . Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобила сопатничката И.Б.(21) од истото село, констатирана во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип.