
Ќе продолжам да работам, да се трудам и да направам нешто за мојот град, наместо да одговарам на прес конференции на СДСМ – одговори градоначалникот Јорданов по пресот на Казанџиска. Вели дека таа треба да одговори на проблемите во образованието наместо да се излегува на прес конференции кои не се во домен на нејзината позиција.
„Тоа е стратегија и нивен начин на работа, кога нема со што да се пофалат со што да излезат во јавност, секогаш ќе ја замајуваат јавноста со критика и прес конференции. Овие ликови кои што последователно го прават се повеќе од 20 години во политиката, го имат уништено Штип и Македонија. Конкретно Билјана Казанџиска која што е втор човек во министерство за образование, наместо да одговори зошто учениците немаат учебници, зошто се врши современ геноцид на најмладите генерации на учениците, зошто од едно до друго полугодие повече од 50 ученици се иселиле од нашиот град. Наместо да одговори на примарна обврска која што ја има и наместо да биде на работното место таа излегува на прес конференции да критикува зошто се случил некој сообраќаен инцидент. Јас нема да се симнам на нивно ниво и да комуницирам на оваа објава, јас ќе продолжам да работам, ќе се трудам да направам нешто и да го променам мојот град дали ќе успеам времето ќе покаже. “ изјави Јорданов
Јорданов истакна дека во иднина ќе се труди да работи за градот со истото темпо како и претходно, а за неговиот успех заслужни ќе бидат граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет