
Година дена по промената на Локалната власт во Штип, 365 дена нов градоначалник, нови советници, нови одлуки и активности. На терен ги прашавме штипјани дали се задоволни од работата на првиот човек на општината и неговиот тим, се гледаат ли промени во реланоста се работи ли за доборото на граѓани. Сите анкетирани штипјани велат промените се гледаат.
Граѓаните додаваат дека за да продолжи задоволството треба да се продолжи со работа. Според нив проекти од инфраструктурен карактер, јавен превоз во градот се проблеми на кои би требало да се посвети најголемо внимание.
Во изминатите година на терен се работеше инфраструктурно во уредување на градот, се инвестираше во културата, спортот, образованието, а Јорданов најавува дека мандатот ќе продолжи со тоа темпо за доброто на Штип и штипјани.
Лаура Стојанова М-Нет