
Со завршувањето на проектот за изградба на козноли на река Отиња, изградба на три катни гаражи, создавање на единственото шеталиште и промена на Плоштадот Слобода во штип, централното градско подрачје ќе добие современ и поинаков лик. Грданочаникот Јорданов истакна дека конзолите веќе се работат, а за катните гаражи во тек е изборот на фирма која ќе ги прокетира.
„Концептот за промена на централното градско подрачје онака како што го имаме предвидено промената ќе ја добие со завршувањето на конзолите во целост низводно на река Отиња од двете страни со изградбата на катните гаражи и со шеталиштето на улицата Ванчо Прке која практично ќе биде единствено шеталиште во централното градско подрчаје, нормално и со измената на плоштадот Слобода Штип ќе добие нов лик“ – кажа Јорданов.
Катните гаражи ќе бидат лоцирани на три места во центарот на Штип со што ќе се намали гужвата и метежот во сообраќајот. Овој прокет се очекува да заврши во втората половина од мандаот на актуелниот градоначалник.
„Лоцирани се на три локации, во централнот градско подрачје, едната е на паркингот кај Дом на култутра, едната е на почетокот на улицата Ванчо Прке на постоечкиот паркинг простор и едната е во близина на Здравствениот дом. Со ова граѓаните ќе имаат зголемена паркинг површина, поголема безбедност во сообраќајот, побрз проток на возила и нормално помодерен и поурбан изглед“ – додаде Јорданов.
Овие проекти се дел од предизборните ветувања на Јорданов и според него ќе бидат реализирани, а граѓаните ќе живеат во модерен и современ град.
Лаура Стојанова М-Нет