Колку во Македонија е застапено цртањето на карикатурите?

Бојана Андоновиќ е млада и талентирана девојка. Која е позната по цртање на карикатури. Веќе 7 години се занимава со оваа професија. Нејзината страст е токму ликовната уметност. Во иднина себеси се гледа токму во оваа професија, која обожава да ја работи. Најважна е насмевката на луѓето, кога таа ќе им ја исполни нивната желба. На прашањето колку е заинтересираноста на луѓето кои порачуваат вакви дела,изјавува, Андоновиќ

„Луѓето знаат да нарачат каликатури за родендени, матури за веридби за свадби и други свечености, но најчесто се љубовни врски“.

Колку во Македонија е застапено цртањето на карикатурите?

„Мислам дека допрва ќе почне да се развива побарувачката на каликатури и за уметноста генерално, бидејки сега за сега буџетот во Македонија ни е ограничен.“

Полна со нови идеи и ентузијазам, талентираната Бојана во иднина вети дека ќе ги изненади сите љубители на ликовната уметност. Со свои нови карикатури.