
Во четири третолигашки регион веќе започна пролетната полусезона однос во Исток, Север, Југ и Запад, а пак на 22 март ќе стартува пролетниот дел во Трета лига – Југозапад.
Во Трета лига – Исток останаа девет екипи кои продолжија со натпреварување, откако Рудар од Пробиштип и Светлост од Зрновци се откажаа од натпреварување.
Во врвот од табелата има мали промени. Непоразен лидер и натаму останува Победа од Валандово со 29 бодови на своето конто, втор е тимот на Овче Поле со 28 бодови, а пак Ударник сега дури трет со 26 бодови, а пак некогашниот прволигаш Хоризонт Турново е четврти со 22 бодови.
Но, екипите на Победа Валандово и Хоризонт Турново имаат меч помалку во однос на Ударник и Овче Поле, па со тоа продолжува борбата за првата позиција која води кон баражот за Втора лига.
Во Трета лига – Југ борбата за влез во Втора лига е сведена на две екипи. Лидер е Борец, некогашниот прволигаш кој лани испадна од Втора лига има 40 бодови на своето конто. Втор е тимот на Превалец со 34 бодови, но велешкиот тим има меч повеќе. На делба на третото место со по 31 бод се екипите на Ултрас и Венец.
Камјани е лидер во Трета лига – Запад со 33 бодови, а овој тим е Влазерими со 26 бодови, овие седум бодови делуваат како солидна предност, а во овој третолигашки регион на третото место е Вардар од Брвеница со 25 бодови.
Во трета лига – Север на врвот е поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ со 43 бодови, а пак на втората позиција е БВК Коњаре со 38 бодови и борбата за баражот ќе биде меѓу овие две екипи, со тоа што „лисиците“ од Горно Лисиче имат пет бода предност.
Трета лига – Југозапад ќе стартува овој викенд, а таму борбата за првото место ќе ја водат Караорман и Влазними кои имаат по 19 бодови и го делат врвот, а по 17 бодови имаат Кравари и Славеј за делба на третото место, а пак Могила е петта со 16 бодови.
Шампионите немаат директен влез во Втора лига, туку играа бараж, а покрај петте шампиони во Трета лига, со баражот влегуваат и трите екипи од Втора лига, кои сезоната ќе ја завршат на деветтото, десеттото и единаесеттото место.
Александар Ванев, М-Нет