
При крај се подготовките за пуштање во употреба на модуларната ковид болница во Штип. Делот со немедицинската опрема е веќе инстралиран, потпишан е и договорот од страна на раководството на Клиничка болница Штип за набавка на кислородни боци, со што се очекува во скоро време да биде пуштена во функција модуларната болница и да се обезбедат дополнителни 47 легла за ковид пацинетите.
„Оваа модуларна болница за нас како Клиничка болница Штип, е важна од два аспекти. Најпрвин ќе го прошириме капацитетот, бројот на легла, како што знаете изминатите 15 месеци ние сме Ковид центар во Источниот дел на Македонија, и од друга страна имаме добиено проект за реконструкција на надворешноста на сегашната зграда на Инфективниот оддел при Клиничка болница Штип, ќе бидат заменети прозорите, вратите, ќе има нова фасада и треба да биде завршено до септември, октомври и оваа модуларна болница и овие легла ќе ни помогнат многу.“ – истакна др. Георгијев.
Инаку бројот на новозаразени со Ковид 19, расте, а тоа се чувствува и по слободните кревети во Клиничката болница Штип, но директорот на болницата д-р. Георгијев тврди дека се подготвени да им излезат во пресрет на пациентите.
Во Клиничката болница во Штип, работата е реорганизирана конкретно одделот за Кардиологија заради изолацја на вработените, но според д-р. Георгијев во прашање се уште неколку дена додека да се вратат вработените на работа и се да биде во нормала.
Лаура Стојанова М-Нет