
Клубовите кои се натпреваруваат во Третата македонска фудбалска лига – Запад добија донација топки од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Во рамки на 9. коло од Трета лига – Запад на натпреварот меѓу екипите на Дрита и Џепчиште, претседателот на Трета лига – Запад, Мујдин Исмаили, заедно со комесарот за делегирање на судии, Музафер Исмаили ги доделија топките на екипите од овој третолигашки регион.
Од страна на раководството на Трета лига – Запад упатија благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Муамед Сејдини.