
Овој викенд во Скопје се одржа Државното првенство во кикбокс каде штипјанката Викторија Варадинова која се натпреварува за клубот „Шампион Магнус Тим“ од Скопје ја освои 15-тата титула Државен првак на Македонија.
Варадинова 15 години е без пораз на државно ниво, со интензивни подготовки и голема и напорна работа штипјанката бележи големи резултати. Нејзин тренер е Дејан Митровски – Урко, а во подготовките за настапот на Државното првенство и помагаше и штипскиот тренер Шенол Анасов.
Варадинова имаше интензивни подготовки од два месеци, а важи за една од најдобрите кикбоксерки во Македонија.
Како што вели за М Нет телевизија таа е задоволна од настапите на Државното првенство и освои две злата во категорија киклајт минус 65 килограми и лоукик минус 65 килограми.
Александар Ванев, М-Нет