Кикбоксерката Викторија Варадинова од Штип ја освои 15-тата титула Државен првак на Македонија

Овој викенд во Скопје се одржа Државното првенство во кикбокс каде штипјанката Викторија Варадинова која се натпреварува за клубот „Шампион Магнус Тим“ од Скопје ја освои 15-тата титула Државен првак на Македонија.

Варадинова 15 години е без пораз на државно ниво, со интензивни подготовки и голема и напорна работа штипјанката бележи големи резултати. Нејзин тренер е Дејан Митровски – Урко, а во подготовките за настапот на Државното првенство и помагаше и штипскиот тренер Шенол Анасов.

Варадинова имаше интензивни подготовки од два месеци, а важи за една од најдобрите кикбоксерки во Македонија.

Како што вели за М Нет телевизија таа е задоволна од настапите на Државното првенство и освои две злата во категорија киклајт минус 65 килограми и лоукик минус 65 килограми.

Александар Ванев, М-Нет