Кикбокс клубот Гладијатор Фајт со 11 медали на Државното првенство, Љупчо Коштанов со златен медал на првото него учество!

Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип овој викенд учествуваше на Државното првенство во Скопје со 15 борци, а во Штип се враќа со 11 медали што е потврда за одличната работа на тренерот Шенол Асанов и на Викторија Варадинова која работи со младата категорија во клубот.

Љупчо Коштанов за првпат зеде учество на Државното првенство каде забележа големи резултати, откако во категоријата кадети до 37 килограми тој имаше четири победи од четири натпревари за освојување на златниот медал. Коштанов покажа одлични борби и го покажа својот талент и потенцијал во конкуренција од 12 противници.

Златни медали за штипскиот клуб Гладијатор Фајт освоија Антонија Тасева, Баже Јанев и Љупче Костадинов. Сребрени медали освоија Михаил Јанев, Ангела Митева и Андреа Милошевска.

Со бронзени медали од Државното првенство се вратија Зорана Митева, ива Спиркова, Максим Иванов, Мартин Митов и Јован Јанковски.

Овие резултати се големи успех за напорната работа на кикбоксерите и нивната посветеност кон големите успеси.

Александар Ванев, М-Нет