Кошаркарите на Соколи во Штип го декласираа Борец Баскет и ита кон Прва лига!

Кошаркарите на Соколи од Штип забележаа огромна победа во спортската сала „Јордан Мијалов“ каде пред штипската публика славеа против Борец Баскет во дербито за Прва лига.

Штипјани беа одлични во текот на целиот меч и забележаа триумф со резултат од 93:84 против велешкиот тим, а ова победа на Соколи добива на тежина бидејќи е против екипа која е конкурент за влез во Првата лига.

Дополнително победата на Соколи доаѓа во вистински момент бидејќи Ангели го загуби дербито со Маџари со 84:95, па со тоа екипата на Соколи е осамена на врвот од табелата.

Струмица славеше против Охрид во дербито од долниот дел на табелата за трета радост на струмичани со 93:86, па со тоа Струмица го напушта дното од табелата.

Вториот тим на МЗТ Скопје со 85:73 го доби натпреварот со Мега Баскет ,а пак Црн Дрим веднаш се врати на победите откако го декласираше Работнички 2018 со резултат од 111:77. Екипата на Водно Санс на домашен терен беше подобар со 88:75.

Сега Соколи е на врвот од табелата со 26 бодови, а пак Маџари се проби до второто место со 25 бодови, а толку има и Ангели кој сега пак е на третото место. Во трката за Прва лига влегуваат и Борец Баскет кој е четврти со 23 бодови, а толку има и Црн Дрим кој е на петтото место, на дното е Работнички 2018 со 16 бодови.

Александар Ванев, М-Нет