Кај 69-годишник од пробиштипско пронајдено оружје

фото: архива/илустрација

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.Ј.(69) од с.Древено, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми, автоматска пушка ,,АК-47‘‘, митралези и други негови верзии.