Сообраќајниот метеж и проблемот за паркирање отсекогаш преставувале нервоза и вознемиреност, како за возачите така и за пешаците. Во Општина Штип, и покрај зголемувањето на паркинг зоните проблемот не се надмина во целост. Кандидатот за градоначалник Лазар Наумов, од редовите на ТМРО, денеска на својот прес излезе со изнаоѓање соодветно решение за ситуацијава.
Алтернативното решение со катните гаражи во Општина Штип, ќе овозможат надминување на проблемот со паркингот и сообраќајниот метеж, истакна Наумов.