Изградба на нова втора лента за паркирање, покрај направените две досегашни паркинг платформи во Општина Штип, е денешното ветување од Социјалдемократскиот сојуз за трајно решавање на проблемите со сообраќајниот метеж во градот под Исарот.
„Го подобривме квалитетот за живеење. Покажавме дека имаме слух за граѓаните и заедно со нив како партнер продолжуваме со решавање на вистинските проблеми“ – стоеше во изјавата на д-р. Николов.