Каратистот Емил Павлов по третпат обезбеди учество на Европските игри во Полска

Младиот Емил Павлов обезбеди учество на Европските игри во Полска. Третпат по ред штиспкиот каратист Павлов ќе ги брани боите на Македоија на игрите во Полска кои ќе се одржат кон крајот на месец јуни оваа година. Пред камерите на М-Нет телевизија Павлов не го сокри задоволството од испонетата норма, додавајќи дека подготовките веќе ги започнал и очекува висок резултат.

„Можам да кажам дека сум искрено горд за исполнување на оваа норма, бидејќи по трети пат едно по друго земав учество со исполнета норма и сум единствениот македонски каратист кој досега трети пат ќе учествува на овие игри. Можам да кажам дека јас оваа норма ќе ја исполнев многу порано, бидејќи по освојувањето на второто место на Светското првенство бев второ пласиран, но бев хендикепиран да учествувам на голем број натпревари оти паднав на ранг листата на шесто место заради финансиите.“ – вели Павлов.

Павлов е единствениот македонец кој по трети пат ќе учествува на овие игри. Сѐ уште не е решено прашање со финансиите, но тој се надевам дека надлежните ќе излезат во пресрет и ќче го обезбедат учеството на Павлов на Европските игри во Полска.

„Сѐ уште не знам како ќе се финансира. Сега за сега не знам како ќе бидат финансиите за овој настап, но најискрено верувам дека ова е голем настан и дека нема да бидам оставен сам на себе, и дека сите надлежните ќе помогнат да го обезбедам моето учество“ – додава Павлов.

Европските игри се организираат на секои четири години, како еден вид на олимпијада, но има учесници само од Европа. Има натпревари во повќе спортови, како бокс, карате, атлетика, гимнастика и слично. Павлов во 2015 година кога првпат учествуваше на овие игри се врати со бронза, а на претпоследните го освои петтото место.

Лаура Стојанова М-Нет