КБК Гладијатор Штип викендов на Европски куп во Белград

Викенов членовите од Кик бокс клубот Гладијатор Фајт Штип ќе настапат на Европскиот куп во Белград во Република Србија. Во дицсиплина кик лајт на купот ќе учествуваат Антонија Тасев во категорија до 50 килограми, Марио Алексов во категорија до 63 килограми и Андреј Алексов во категорија до 36 килограми. Освен од Македонија, односно борачи од Гладијатор на купот ќе учествуваат преставници од Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Турција, Белгија, Романија, Бугарија, Албанија, Германија, Холандија и Полска.

Од клубот истакнаа дека подготовките течат во најдобар ред, а се очекува од Европскиот куп во Белград да се вратат со освоени медали.

Лаура Стојанова М-Нет