
Земјотресот кој ноќеска го погоди Штип, за дел од граѓаните во центарот на градот поминал незабележително. Дел од повозрасните анкетирани штипјани велат дека не почувствувале ништо, а за земјотресот дознале утринава на различен начин, некои преку мобилните уреди, други од нивни соседи и пријатели. Траело кратко, додаваат граѓаните, па додека дознале дека станува збор за земјотрес тлото веќе било мирно. Не стравуваат дека може да се повтори или дека ќе се тресе со поголем интезитет, бидејќи не ни паметат Штип да бил мета на големи, страшни и катастрофални земјотреси.
„Јас осетив, ама не знаев што се случува, не ни знаев дека е земјотрес малку ме затресе во сонот и толку.“
За разлика од граѓаните во центарот на Штип, оние во населба Сењак велат дека го почувствувале земјотресот. Додаваат дека особено се чувствувал во зградите на трети, четврти и петти спрат, па дел од станарите ноќта ја поминале надвор.
„Соседите да, јас не. Живеам ниско долу и не го почуваствував. Лошо било, така кажаа. Јас живеам во зграда, биле надвор, јас ниското не го почувствував.
Професор Димов советуваше граѓаните да не креваат паника и да се засолнат под сигурни предмети со цел да се избегне директното паѓање на кровната конструкција, доколку дојде до тоа.
Лаура Стојанова М – Нет