
Во новата сезона од Првата футсал лига на Македонија ќе се натпреваруваат десет екипи како и во изминатата сезона. Со комплетирањето на сезоната го имаме конечниот изглед на Првата лига.
Шампион е екипата на Форца, која го освои и Купот на Македонија, а со тоа екипата се подготвува за Европа.
Во следната сезона ќе настапува Форца, Шкупи, екипата на Клими од Кавадарци, Осогово од Крива Паланка, екипата на Железарец, Бутел, Црна Река од Кавадарци, велешки Кеги Моби, како и двете нови екипи односно повратниците Проект и екипата на Јувентус Серава.
Од Првата лига испаднаа екипите на Карадаку и Овче Поле од Свети Николе кои во новата сезона ќе настапуваат во Втората футсал лига на Македонија.
И во новата сезона последните две екипи односни екипите кои ќе завршат на десеттото и деветтото место ќе испаднат директно во Втората лига, додека пак екипите кои ќе завршат на првото и второто место во Втората лига ќе обезбедат учество за настап во Првата футсал лига.
Александар Ванев, М-Нет