Кадетската одбојкарска репрезентација на Македонија ќе настапи на Балканското првенство во Тирана

По настапите во зонските квалификации за ЕП, кадетската репрезентацијата на Македонија ќе игра на Балканското првенство за одбојкарки до 18 години кое се одржува во Тирана, Албанија.

На турнирот во Тирана ќе учествуво ќе земаат осум репрезентации, а Македонија ќе игра во групата А со домаќинот Албанија, Романија и со Бугарија. Во другата група се Турција, Србија, Црна Гора и Молдавија.

Првите две селекции ќе обебзедат полуфинале, третопласираните ќе играат за петто, а последните за седмото место во конечното рангирање.

Селекторот на македонската кадетска репрезентација Александар Митев повика 18 одбојкарки родени 2007-ма и помлади, тренинзите веќе трет ден се одививаат во Струмица, додека пак во понеделник репрезентативките ќе патуваат за Тирана.

Александар Ванев, М-Нет