Како да се зголеми безбедноста во сообраќајот во Кочани – реализирана средба за изработка на стратегија

Во Кочани денеска се реалзираше втората Работна група за изработка на стратегија за безбедност во сообраќајот. Кои се најчестите проблеми за безбедност во сообраќајот како да се превенира и како да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот беа главните теми на дискусија на денешната средба. Како што се истакна и во самиот воведен дел, важно е секој поединец учесник во сообраќајот самостојно да придонесе за поголема безбедност.

„Што се тоа проблемите кои не мачат во сообраќајот со целокупен опфат заедно со сите преставници на Локалните институции. Зборуваме што е тоа што е потребно за да се зголеми нивото на безбедност на сите учесници во сообраќајот“ – вели Пауновска Ангелковиќ.

Со ваквата стратегија за безбедност во сообраќајот конкретно во Кочани треба да се даде пресек на сегашната ситуација во сообраќајот, насоки за понатамошно унапредување, работа и национален план кој за 10 години би требало двојно да ги намали сообраќајните несреќи во градот.

„Многу ми е драго што денеска сум овде и голема благодарност до Општина Кочани за поканата. Денеска зборувавме за општите проблеми во безбедноста во сообраќајоот кои се случуваат во светот и само накратко можам да кажам дека безбедноста во сообраќајот е индетификувана 2020 година како трет причинител на смрт на целата популација на Земјата. Многу е важно добро да се превентира и системски да се пристапи кон безбедноста во сообраќајот. Конкретно за Кочани мислам дека стратегијата треба да биде документ, да даде пресек на сегашната ситуација, насоки за понатамошно унапредување на безбедноста, работа и национален план кој за 10 години се надевам дека барем ќе го преполови бројот на сообраќајни несреќи кои се случуваат во Општина Кочани.

Ова е втора работа група која се реализира во Кочани со цел да се изработи стратегија за поголема безбедност во сообраќајот. Предвидена е и трета која е закажана за во месец септември годинава.

Лаура Стојанова М-Нет