Со пригодна манифестација одбележана 80 годишнината од смртта на Славчо Стојменски во Штип

Со интонирање на химната, рецитал на учениците од штипската гимназија и со едноминутен молк се одбележаа 80 години од смртта на Славчо Стојменски.

Во алеата на хероите во Штип, преставници од Локалната самоуправа, политички партии, делегации, здруженија и пријатели положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на Стојменски. Настанот беше збогатен со музички точки како и пригоден говор.

„Историјата на напатениот, но горд, слободљубив и храбар народ е полна со благородни и смели личности кои се најдоа во огнот на динамичните настани за да го покажат и трасираат патот кон денешната слобода и напредок. Ваква личност од нашата средина е нашиот партон Славчо Стојменски. Роден како петто дете во сиромашно, но чесно семејство.“ – вели Богатинов.

Тој што го остава животот пред олтарот на слободата – тој не умира, тој продолжува да живее во темелите на овој град, во темелите на една славна историја.

Лаура Стојанова М-Нет