Светиниколските пензионери и денеска на протест, барањата остануваат исти

И денеска продолжија протестите на пензионерите од Свети Николе, оти како што велат претходниот протест во Скопје не ги дал посакуваните резултати. Бараат линерано покачување на пензиите на сите пензионери за месец септември, а останатите барања велат може постепено да се договорат.

Истанатите барања, односно, со Закон усогласување на минимланата пензија со минималната плата, ќе бидат договарани заедно со пензионерите, Министерството за труд и социјала и Здружението на пензионерите- изјави Стаменков.

Поддршка дадоа и од Здружението на трудови инвалиди од Свети Николе. Децидни се дека финансиската состојба на пензионерите, особено на оние со минимални примања е тешка и незавидна и се доведени до работ на гола егзистенција.

Лаура Стојанова М-Нет