
Една од најстарите стопански гранки е ловството и токму затоа истото се изучува како посебна дисциплина на катедрите по ловство. Претседателот на Ловечката федерација на македонија, потенцира дека ловството преставува еден од најстарите спортови, отфрлувајќи ги сите изреки дека ловците се убијци на диви животни.
„Ловството е една од најстарите гранки, многу значајна во општеството секаде во светот. На катедрите за ловство се проучува како посебна дисциплина. Само оние кои не го познаваат ловството и неговата суштина може да коментираат и на нас да гледаат како убијци, кои себе си се сметаат за заштитари, а тоа се квазизаштитари“, вели Алексовски.
Минатата година се организираа над десет работилници со цел да се едуцираат ловечките друштва и членовите како да се заштитат од африканската свинска чума. Алексовски вели дека за нив ловната сезона завршила на 31 јануари.
Алексовски посочува дека против африканската свинска чума се постапува со методи по примерот на соседните држави кај кои оваа болест се појави една година претходно и со тоа не се прават експерименти, туку се реагира навремено.
Со појавата на свинската чума во државата освен лов на диви, забрана има и за одгледување на свињи во самите домаќинства на што граѓаните од Истокот остро реагираа неколкупати до сега.
Лаура Стојанова М-Нет