Казни и построги правила се подготвуваат за електричните тротинети

Казни и построги правила за управувањето со електрични тротинети најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој посочи дека најголем број сообраќајни инциденти со тротинети се случуваат кај младите лица, особено кај најмладите учесници во сообраќајот, под 17–18 години. Според него, несовесното возење, неносењето заштитна кацига и превезувањето повеќе лица на еден тротинет се најчести прекршоци. Се најавува и зголемување на минималната старосна граница за управување со електрични тротинети, со цел поголема безбедност во сообраќајот.

„Ќе пристапиме кон заострување на казните и регулативата во делот на управување со електрични тротинети, особено кај најмладите. Нелегалното управување, возењето во групи од двајца или тројца, без заштитна кацига и непочитување на сообраќајните правила, води до сериозни последици“, потенцира Тошковски

Тој додаде дека дел од предвидените измени ќе вклучуваат и покачување на минималната старосна граница за управување со електрични тротинети, со цел поголема заштита на најмладите и намалување на ризиците во сообраќајот.

Тој нагласи дека, покрај институционалните мерки, клучно е и почитувањето на сообраќајните правила од страна на самите граѓани.

Иван Митев, М-Нет