
Над 70 возачи се казнети во Кочани, 13 од нив возеле без возачка довола.Во текот на вчерашниот ден (15.10.2023) во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Кочани, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 72 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 11 за возење под дејство на алкохол, шест за измината важност на сообраќајната дозвола, двајца возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз. Изречени се девет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), три санкции за возење мотоцикл без заштитна кацига, пет мерки за возач почетник… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилена акциска контрола за брзо возење се спроведе на територијата на државата, при што санкционирани се 723 возачи. Од нив 42 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 423 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 300 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Лаура Стојанова М-Нет