Неколку улички во населба Балканска ќе добијат асфалт, се работи и во Караорман и во Железничка

Неколку улици односно краци во населба Балканска во Штип се припремаат, а во наредните денови истите ќе бидат асфалтирани. Како што посочи градоначалникот Јорданов, станува збор за улици кои никогаш во минатото не биле реконструирани, а се доста користени и потребни за жителите од оваа населба. Нов асфалтен слој ќе добијат и влезовите во населбата, а сите активности ќе се изведуваат со средства обезбедени од Буџетот на Општина Штип.

„Започнуваме со активности во неколку населби за припрема за асфалтирање. Денес сме во населбата Балакска, овде се работи на неколку пристапни улици кои ќе бидат припремани за во следните денови да се изврши асфалтирање. Влезовите на населбата Балканска практично ќе бидат асфалтирани,се наоѓаме на крак кој се користи повеќе во зимскиот период. Вкупната инвестиција е еден милион денари“ – вели Јорданов.

Освен населба Балканска на листата населби во кои во моментот се извршуваат градежни активности на терен се и населба Караорман и населба Железничка. На ваков начин се реагира на потребите на граѓаните од сите делови во Штип

„Освен населбата Балканска во истиот период се работи и во населбите Караорман и Железничка. Така да деновиве очекува да се изврши асфалтирањето“ – додаде Јорданов.

Јорданов во оваа прилика истакна дека градежните активности на терен продолжуваат се додека дозволуваат временските услови.

Лаура Стојанова М-Нет