Каде се наоѓа фонотеката (собрана во кутии) на некогашно Радио Штип?

Некогаш најслушаниот медиум во Штип и регионот денеска собран во кутии, оствен на забот на времто во депото на Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип. Целата фонотека на Радио Штип, плчоите кои некогаш ја развеселуваа слушателска публика соберени во кутии сведочат за едно поинакво време.

„Ова е еден вид на сведоштво, една историја за единственото електронско јавно гласило кое Општина Штип го имаше пред 10 до 15 години. Станува збор за Радио Штип, чии основач е Општина Штип и во процесот на стечајната постапка Општина Штип се погрижи најголемиот дел од фонотеката на Радио Штип да биде згрижена. Тоа се плочи кои со децении ја развеселуваа слушатечлсата публика. Радип Штип сега е во кутии и стои овде згрижен во депото на општинскиот Мултимедијален центар“ – кажа Панајотов.

Плочи, цедиња, касети, македонски традиционални игри и ора, Макфест од годините наназад, се собрано на едно место, не се употребува иако се во одлична состојба. Материјали од некогашните дневници на Радио Штип оставени на времето, незгрижени, а може да прествауваат вистинска атракција за граѓаните.

„Тоа е фонотеката, во основа плочи, винилни плочи кои сега се во светот повторно на цена меѓутоа кај нас многу малку се употребуваат има цедиња, касети, тоа што беше останато во трезорите на Радио Штип во зградата. Мене ми е жал од тој процес на прибирање на материјали, останаа материјали од типот на дневниците кои се водеа, пишани материјали кои се еден вид на историја. Тогаш реагиравме до Архивот да ги преземат или библиотеката, ама не знам што се случи со нив понатаму“ – додава Панајотов.

Радио Штип е првото радио отворено во Штип, под надлежност на Општината. Вести, забавна програма, јавување во живо беа само дел од содржините кои секојдневно се емитуваа во етерот и зборуваа за секојдневните настани во градот и околината. Денеска Радио Штип собрано во кутии стои во депото на Мултимедијалниот центар Киро Глигоров.

Лаура Стојанова М-Нет