Каде и како завршува најопасниот отпад, маските и ракавици за една употреба?

Проблемите со фрлање отпад на места кои не се определени за таа намена не е нов, секојдневен е и вообичаен. Но актуелно сега во време на пандемија е и фрлањето на отпад за една употреба односно маски и ракавици. Овој вид на отпад сеуште не се декларира како посебен вид, односно се собира заедно со останатиот комунален отпад. Од овде се појавува и зголемената опасност од истиот, бидејќи не се фрла на соодветен начин. Искористена маска и ракавици треба да бидат спакувани во две најлонски кеси и тогаш да завршат во контејнерите и корпите за отпадоци. Но, тоа се случува многу ретко. Многу по застапена е сликата во која овој вид отпад може да се види расфрлан околу контејнерите, по улиците, тротоарите.

„Тоа е медицински отпад според мене што Јавното претпријатие не треба да го изѓубрува, но ние се судруваме со тој отпад. Маски има и по тротоарите и пред контејнерите, а има и мал дел совесно граѓани кои соодветно го фрлаат во контејнерите. Во секој случај, треба да биде соодветно спакуван, кога веќе не се фрла како медицински отпад, и да заврши во контејнерите за да можат нашите вработени безбедно да го изгубрат на депонијата“ – исткна директорот на ЈП „Исар“, Тасев.

Маските и ракавиците за една употреба да бидат третирани како медицински отпад. Меѓутоа, на ниво на Општина Штип, сеуште нема посебни места за фрлање на ваков вид отпад ниту насоки од Министерство за здравство како со него. Несовесноста на граѓаните пак дополнително го отежнува справувањето со истиот. Директорот на ЈП „Исар“, Тасев, со апел до граѓаните на Општина Штип, да бидат одговорни.

Препораките за хигиена, носење маска, одржување дистанца постојано ги слушаме, навикнаме да живееме со нив. Останува одговорноста да се крене за скалило погоре, па кога веќе нема посебен вид контејнери и начини од страна на надлежните да се фрла овој вид на отпад, да се покаже совесноста на граѓаните и да се спакува истиот пред да заврши во корпа за отпадоци. Пандемијата не бира место време ниту начин, последиците од истата може да бидат преголеми, затоа да се заштитиме колку што можеме повеќе.

Лаура Стојанова М-Нет