СП во Ракомет: Македонија по победата над Чиле продолжува со нови три натпревари

Репрезентацијата на Македонија на СП во Ракомет што се одржува во Египет го продолжува настапот со нови 3 натпревари. Во решавачкиот трет меч во групата „ Г “со селекцијата на Чиле нашите ракометари ја забележаа толку посакуваната победа изразена со резултат 32:29 ( 16:17). Нашиот капитен Кирил Лазаров беше најефикасен во нашите редови со 8 постигнати голови и беше прогласен за играч на натпреварот а Пешевски и Костески постигнаа по 5 голови. Оваа победа им обезбеди на селекцијата на Македонија да го продолжи ракометниот мундијал со нови 3 натпревари во главната група каде што табелата изгледа вака:

1, Шведска 6

2. Русија 3

3. Египет 2

4. Словенија 2

5. Белорусија 2

6. Македонија 0

Во следните 3 натпревари Македонија ќе се сретне по следниот редослед:

  1. Македонија – Словенија 20.01.2021
  2. Македонија – Русија 22.01.2021
  3. Македонија – Белорусија 24.01.2021

Ракометната репрезентација на Македонија сите овие три натпревари ќе ги одигра во воведниот термин со почеток во 15.30 часот.

Драги Герасимов – Пушка Мнет.мк