
Пред утрешниот старт на новата сезона во Втората лига, новиот второлигаш Слога од Виница, денеска ги претстави новите играчи Иљаз Чилафи и Никола Талески кои во иднина ќе бидат дел од црвено белите.
Иљаз Чилафи доаѓа од екипата на ФК Брегалница Штип, а претходно беше дел и од повеќе македонски прволигашки и второлигашки екипи.
Додека Никола Талески доаѓа од екипата на АП Брера Струмица и важи за еден од најперспективните млади напаѓачи во државата.
Во првото коло пд Втората лига, Слога гостува на ФК Скопје, натпреварот започнува утре со почеток од 17 часот.