Исфрлено ѓубрето од Домот на култура, конeчно ќе се работи на греењето во институцијата

Најразличен вид на отпад, шут, оставен пред Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип. Улицата пред институцијата беше заробена со ѓубре кое се собирало повеќе од четири децении во подрумските простории во домот за култура. Дали некој реагираше за губрето на јавна површина прашавме во Општина Штип. Комуналниот инспектор, Борче Везнеков вели дека е излезено на терен и е констатирано дека ѓубрето од Домот на култура, и директорот треба да го отстрани. Трајков потврдува вели камионот пристигнал и ѓубрето ќе се отстрани.

„Станува збор за шут кој со текот на времето е употребува за најразлични сценографии од отворањето на домот за култура па сѐ до ден денес. Беше складиран во делот каде што е позиционирано греењето или котларата, тоа е една голема просторија за парно греење во Домот на култура или срцето за греењето на домот. Идејата е да се расчисти целото ѓубре за да може да дојдат инженери за парно греење да може да го разгледат целиот систем и да го поправиме греењето во институцијата“ – вели директорот Трајков.

Во оваа прилика Трајков истакна дека со отстранување на ѓубрето од подрумските простории се ослободува место за инженери кои ќе работат на замена на греењето во институцијата.

„Централното греење е многу важен сегмент за Домот на култура и со години се нема направено никакви зафати. Потребно е стручните лица да имаат пристап до самиот простор. Тоа беше блокирано со овој шут што е позади мене и мораше да се расчистат сите простории да има движење во долните, подрумски простории за да го решиме делот со греење. “ – додава Трајков.

Освен греењето предвидени се и други проекти во оваа институција оваа каледндарска година, ама се очекува Министерството за култура да излезе со извештај кои проекти се одобрени и ќе бидат финансисрани.

Лаура Стојанова М-Нет