15. година по ред Александар Трајковски од Штип донира пакети за шест штипски семејства

15. година по ред традиционално штипјанецот Александар Трајковски донираше пакети со храна за шест штиски семејства, три македонски и три ромски. Со храна за подготовка на бадникова и божиќна трпеза овозможува скромен дочек на празниците и на оние кои ја немаат таа можност. Ваквата донација започнала откако починала сопругата на Трајковски, а секоја година донира по 6000 денари за подготовка на пакетите.

„Пред 15 години си почина мојата сопруга и во таа чест јас одлучив да донирам донација. Содржат брашно, шеќер, сол, зејтин, кори, риба, месо и слично“ – вели Трајковски.

Екипите од Црвен Крст Штип во ваквата акција се вклучени, односно согласно нивната листа на корисници е познато кое семејство има најголема потреба од вакви пакети со цел скромно да се поминат божиќните празници.

„Традиционално секоја година нашиот сограѓанин Александар Трајковкски овозможува достојна трпеза за шест штипски семејства. Донацијата се состои од намирници за да се направат традиционални јадења за бадникова вечера и божиќниот ручек.“ – додава Димитровска.

Истовремено, денеска се поделени бадникови пакети на семејства во десет штипски села од Црвен крст Штип. Пакетите се состојат од колачиња и зелник за утрешниот празник.

Лаура Стојанова М-Нет