Искусниот Флорент Османи е нов играч на второлигашот Борец

Повратникот во Втората македонска фудбалска лига, Борец се засили со искусниот Флорент Османи, кој во Велес доаѓа од редовите на Вардар Неготино.

36-годишникот има големо искуство зад себе откако има настапувано и во Првата лига. Во својата кариера покрај за Вардар од Неготино, Османи има настапувано за Пехчево, Тетекс, Беса, Струга Трим Лум, Гостивар, Еуромилк ГЛ, Скопје, Велазерими и Шкупи на домашната сцена, а на меѓународната сцена за Лириа од Косово и Бингол Спор од Турција.

Борец добива големо засилување со Османи кој има прволигашко искуство, откако претходно се засили со Берат Исмаил, Матеј Цветановски и голманот Петар Јакимов.

Борец досега одигра три пријателски натпревари, загуби од Вардарски со 2:0, загуби и од Саса со 3:0, а пак со Осогово од Кочани одигра 2:2.

Александар Ванев, М-Нет