
Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев кој цел живот е посветен на спортот, успешно го заврши својот најголем предизвик, откако успеа да ја заврши трката на Алпите, каде истрача над 270 километри.
Патеката наместо 250 километри, била 270 километри, па за штипјанецот ова е уште поголем успешен предизвик во неговата кариера.
Манев за М Нет раскажува како било да се трча на една ваква патека која не била маркирана.
Ваква трка е голем предизвик за еден ултрамаратонец со оглед на фактот што станува збор за трка каде треба голема подготвеност.
Трката била од различен технички карактер, а тоа значи и менување на патиките во текот на самата трка.
Ова е голем трка која Манев успешно ја финишираше, откако претходно како што изјава за телевизија М Нет се подготвувал подолг период.
Во кариерата на Манев дефинитивно ова ќе биде запишано како еден голем успех, кој веќе е со мислите на следни трки.
Александар Ванев, М-Нет