Искусниот Оливер Христов си замина од Детонит Плачковица

Во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига екипата на Детонит Плачковица останува без еден од најдобрите играчи, откако Оливер Христов замина од Радовиш и во иднина нема да го носи дресот на радовишкиот второлигаш.

Искусниот 27-годишен централен дефанзивец беше столб во одбраната на радовишкиот второлигаш. Христов кариера ќе ја продолжи во нова средина, а по заминувањето од Детонит Плачковица, интересот за потпис на Христов е голем, па се очекува брзо во следниот период искусниот фудбалер да биде промовиран во нов клуб.

Во својата кариера Христов во два наврати настапуваше за Детонит Плачковица, го носеше дресот и на радовишка Плачковица, за охридска Воска Спорт, прилепска Победа, Брегалница, Кит Го од Пехчево и Каменица Саса.

Веќе пристигнаат понуди за Христов, а во следниот период ќе биде познат неговиот нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата.

Александар Ванев, М-Нет